Струмичкото Колешино добива своја химна отпеана од прекрасниот вокал на Стојне Николова

Please follow and like us:
Pin Share

“Песна за Колешино” е новата песна на Стојне Николова за која што деновиве сними и спот.  Во видеото покрај убавините на ова Струмичко село, преку мини филм ќе биде прикажан и животот на жителите на Колешино.

Едно од најпознатите Струмички села, прекрасното Колешино, си доби своја химна која што ја отпеа познатата пејачка Стојне Николова.

Изминатите неколку денови заедно со екипата на ИН Продукција во Колешино се снимаше и спот во кој што ќе бидат претставени бројните убавини и живописни предели со кои изобилува ова место и секако она по што Колешино е најпрепознатливо, а тоа се познатите Колешински водопади.

-Веќе два дена снимавме во Колешино, во едно убаво село кое што се наоѓа во мојот роден крај и навистина ми е драго што конечно имаме една убава песна која што е за мојот крај и баш ми е драго поради тоа и мислам дека сите естрадни уметници треба да практикуваат да ги обновуваат старите песни за нашите убави краеви во прекрасната наша Македонија, а секако и за убавите села.-истакна Стојне во интервјуто за ИН ТВ.

Идејата за реализација на овој проект е на Драгана Ѓореска која што потекнува од Колешино и секако со помош на мештаните од селото.

-Песната е навистина убава и многу ми е драго што токму јас ја отпеав. Инаку да кажам, дека идејата за оваа песна и целиот проект е на мојата драга пријателка Драгана, еден голем поздрав до неа и голем поздрав до сите жители на село Колешино и сите иселеници. Музиката е на Наско Џорлев, аранжманот е на Бобан Мојсовски, а текстот е на Глигор Смилков, кој што веќе не е меѓу нас, а потекнува од Колешино. Јас и Бобан само малку го досредивме текстот.-додава Стојне, за естрадниот магазин Естрада плус.

Инаку, во песната е вклучен и еден од најдобрите музичари и виртуоз на хармоника Мишел Трајковски кој што не го криеше задоволството од соработката со неговата колешка Стојне.

-Си поминуваме одлично, пред се имаме добра дружба ете го фативме денот уште од раните утрински часови. Снимањето поминува одлично и многу ми е драго што за првпат имам една интересна соработка со Стојне Николова. Добив покана од Бобан Мојсовски и Стојне да бидам дел од оваа песна, баш ми е мило и им Благодарам за поканата.-вели Мишел.

Спотот за “Песна за Колешино” го работи ИН Продукција, а деновиве ќе биде премиерно прикажан на Сателитската ИН Телевизија.

 

Please follow and like us:
Pin Share