Сани Гроздановска приреди вистински спектакл на концертот во живо кој се одржа во студиото на ИН Продукција. Одлична вечер исполнета со бројни изненадувања, убави песни, врвни музичари и атрактивни танчерки.

Една од најатрактивните пејачки на македонската сцена, Сани Гроздановска приреди вистински спектакл на концертот во живо. Сцената во студиото на ИН Продукција “гореше” од сето она што таа приреди за нејзините фанови во неделата навечер.
Сани беше придружувана од нејзините колеги кои важат за доста познати и искусни музичари, Иво на клавијатури и Мајкл на саксофон-кларинет, а на нивниот репертоар имаше песни за сечиј вкус, македонски забавни, народни, како и српски познати хитови.

Музичкото шоу беше збогатено и со две професионални танчерки кои што ги кренаа на нозе присутните во студиото и уште повеќе ја запалија атмосферата, а веруваме дека исто беше и кај оние лица кои концертот го следеа во живо на Сателитската ИН Телевизија, на фан страните на фејсбук и јутјуб.
Освен по нејзиниот одличен изглед, Сани е препознатлива и по извонредниот и моќен глас кој што го поседува, а една од највпечатливите изведби вечерта беше изведбата на песната “Бато” од Калиопи со која што го заврши неколкучасовниот концерт.

