Ана Николиќ и Милош Биковиќ заедно во „Јужни ветар“?

Please follow and like us:
Pin Share

Во продолжението од серијата „Јужни ветар“ би можела да заигра и пејачката Ана Николиќ. Таа би требало да ја глуми љубовницата на Милош Биковиќ кој го игра ликот на Петар Мараш, жесток фраер од белградскиот асфалт.

Извор близок до продукцијата открил дека се размислува сериозно за Ана да стане дел од серијата. Инаку, нејзиниот лик всушност ќе биде лик на пејачка на врвот од својата кариера во која се вљубени многу моќни мажи. Врската меѓу неа и Мараш почнува по една случајна средба и токму таа ќе ги помрси конците на Мараш и неговата девојка со која има син.

На Ана, како што открива истиот извор, и се допаднало сценариото и била убедена дека можела совршено да ја одигра улогата, па не е исклучена можноста и навистина да ја видиме во продолжението.

Please follow and like us:
Pin Share