После 25 години, Благојче Стојановски Туше одлучи да сними спот за неговиот голем хит “Штом тебе те видов, јас се заљубив”. Спотот е во соработка со ИН Продукција.

Фолк пејачот Благојче Стојановски Туше е еден од оние македонски музичари кои постојано работат на нивната музичка кариера, на снимање нови песни или пак нови видеа. Интересно е тоа што после цели 25 години, Туше одлучи неговиот безвременски хит “Зелени очи” да го круниса со видео запис. Иако после толку многу години, сепак тој сакаше песната која е одлично прифатена од јавноста да си има и свое видео кое што ќе остане како траен белег за во иднина.
-Па редно беше после 25 години да направам видео за оваа песна бидејќи доста добри моменти ми има донесено оваа песна и решив едноставно да ја крунисам со спот и испадна добар и спотот и песната заслужуваше да биде со спот. Коментарите беа сите позитивни, песната е добропозната и едноставно кога ќе ја слушнат музиката не обраќаат пажња на ништо друго, но јас сакав да биде обележана со спот затоа што заслужува, долги години се пее песната и прифатена е добро од народот.-раскажува Стојановски во интервјуто за ИН ТВ.

Покрај видеото за песната “Штом тебе те видов, јас се заљубив”, Туше деновиве промовираше и спот за неговата најнова песна “Милион бакнежи”. Одлична песна во брз ритам, која засега е одлично прифатена од јавноста.
