(ВИДЕО) “Милион бакнежи” е новиот хит од Благојче Стојановски Туше

Please follow and like us:
Pin Share

Дали го погледнавте и дали ви се допадна спотот од Благојче Стојановски Туше за неговата најнова песна “Милион бакнежи” ?!

Благојче Стојановски Туше деновиве ја промовираше неговата најнова песна “Милион бакнежи” која несомнемо ќе стане голем хит, бидејќи станува збор за доста убава песна во брз ритам.

-Скоро сите музичари се од Прилеп, имам и пратечки вокали од Ресен и Битола. Песната се вика Милион бакнежи, нова песна снимена пред една недела во МТ Студио во Прилеп кај Мендо Ташкоски. За првпат снимив цела песна со живи инструменти и сите тие музичари се вклучени во видеото. Ќе ја видиме реакцијата на луѓето, за понатаму да знаеме што да правиме. Се надевам дека ќе испадне добро.-истакна Стојановски за естрадниот магазин Естрада плус.

“Милион бакнежи” е дело на Туше, музика и текст, додека аранжманот го направи Мендо Ташкоски.

Инаку, ова е првпат за него, во целата негова долгогодишна музичка кариера да претстави песна заедно со спот, но според Туше ова е најдобар начин за песната да стане хит, се разбира ако е квалитетна. Како што вели тој отсега ќе практикува сите нови песни да ги промовира со видео.

Во продолжение погледнете го спотот кој го изработи ИН Продукција !

Please follow and like us:
Pin Share