Одлична забава која што уште долго време ќе се памети, приреди една од најпознатите фолк пејачки, Татјана Лазаревска.

Таа одржа концерт во живо од студиото на ИН ТВ во Мелбурн, Австралија и направи за миг да заборавиме на ситуацијата со пандемијата на коронавирусот која што преовладува низ целиот свет. Тоа беше и нејзината идеја, во оваа тешка ситуација за сите нас да ја расположи јавноста со убава музика.
И успеа во тоа, со нејзиниот ведар дух по кој што е препознатлива, со одлична изведба на големите македонски хитови и на поголемиот дел музички желби на нејзините фанови кои што постојано, додека траеше лајв концертот, пишуваа позитивни коментари на социјалните мрежи.
Заедно со нејзиниот тим допринесоа за убаво расположение на сите кои што ги следеа во живо на сателитската ИН ТВ и на фан страните на фејсбук, а несомнено дека најдобро и највесело им беше на присутните гости во студиото, кои што и беа најголема поддршка во текот на целиот концерт, пеејќи и играјќи цела вечер заедно со неа.

Татјана беше придружувана од неколку нејзини колеги. Ненад на клавијатура, поранешен член на Фантастико бенд од Штип, кој што во моментов живее во Австралија, маестро Секо на саксофон и Адмир на гитара и вокалист, дел од екипата на “Balkan beat night”.
Убава вечер, исполнета со позитивни вибрации, насмеани лица и пред се, квалитетна музика и песни за сите вкусови.
Татјана како и секогаш, блескаше од убавина, а за нејзиниот изглед вечерта се погрижи Сашко од студиото за убавина “Захариевски” !

Во продолжение погледнете го нејзиното музичко шоу !
Koncert live Tatijana Lazerevska ,direktno od Melburne
Koncert live Tatijana Lazerevska ,direktno od Melburn
Gepostet von INTV am Sonntag, 7. Juni 2020
