Како поминуваше еден обичен ден на изолација за Спире Јовановски и Димитар Митревски?

Изминатите три месеци, со владеењето на коронавирусот нашите македонски музичари беа приморани да ги откажат нивните настапи и да останат во нивните домови, како и сите граѓани на Македонија. Сепак, тие секогаш знаат да си најдат некоја занимација со која што времето побрзо и полесно ќе им помине. За тоа како поминува еден обичен ден, за гледачите на ИН ТВ раскажуваат музичарите Спире Јовановски и Димитар Митревски.
-Бевме креативни. Јас работам и во Државното Музичко училиште во Битола, па голем дел од моите активности ми поминаа со учениците држејќи онлајн настава, поголемиот дел од денот го поминував со нив. Останатиот дел ми поминуваше во создавање на нови ора, нови композиции. Се надевам дека ќе помине сето ова најдобро, како и секоја друга болест, дека ќе ја победиме на некој начин короната и ќе остане понатаму да си твориме и да си работиме во мирно и добро време.-истакна Спире, за естрадниот магазин Естрада плус.

-Покрај сите негативни работи со изолацијата, имав доста слободно време да бидам креативен. Имав време за вежбање и за да се посветам на музика. Доста креативно ми помина времето, а поради тоа што сум студент, имав онлајн часови и брзо помина. Иако бевме дома, имаше што да се прави.-раскажува Димитар.
А веднаш по укинувањето на полицискиот час, тие се фатија за работа. Пред само краток период на повеќе локации во Охрид, во соработка со ИН Продукција беа снимени три видео записи, за две нивни заеднички ора и едно на Димитар. Досега на сателитската ИН Телевизија беа претставени две од нив, “Иванов пречек” на Димитар и “Мала Прошетка”, едно од заедничките дела. Деновиве се очекува да биде промовиран и третиот видео запис.
Инаку, тие периодов го подготвуваат нивниот прв заеднички албум, кој ако оди се според планот ќе биде промовиран кон крајот на летниот период.
