За време на концертот кој поради вонредната состојба се одржува секоја сабота во живо од нејзиниот дом, Сузана Гавазова подготви доста изненадувања за гледачите. Она што остави голем впечаток и предизвика бројни позитивни реакции кај нејзините фанови е промоцијата на спотот за најновата песна, “Апсолутно мој”.

Во саботата вечерта, за време на полицискиот час, фолк пејачката Сузана Гавазова повторно ги забавуваше своите фанови и јавноста со мини концерт од нејзиниот дом, но овојпат со многу побогата програма и бројни изненадувања за гледачите кои ја следеа преку фејсбук, јутјуб и во живо на сателитската ИН Телевизија.
Нејзини гости беа светски познатиот Џамбо Агушев, пејачката Билјана Димова од група Астрион и нејзината ќерка Сања која поседува извонредни вокални способности.
Но, најголемо изненадување вечерта беше промоцијата на спотот за нејзината најнова песна која носи наслов “Апсолутно мој”, а кој се работеше во текот на изминатите неколку денови во соработка со ИН Продукција.
Во спотот како статисти се појавуваат познатиот модел Кристина Димитри и Дарко, кои одлично ја завршија својата работа. Сузана одлучи во видеото да бидат двете ќерки Емели и Селена, како и нејзината мајка.

-Најголемото изненадување е нов спот за кој навистина бевме многу вредни сите. За два дена го снимивме и го монтиравме, а за тоа се секогаш најзаслужни нашата екипа на ИН Продукција. Навистина беа вредни, креативни, амбициозни и сите пофални зборови можам да ги кажам за нив. Сакам да ги поздравам сите кои што работеа на овој проект за “Апсолутно мој”. Текстот е на Орце Зафировски, Музиката е на познатиот пејач од Романија, Богдан Делаплоиести, аранжманот е на Минтас Минти од Струмица, се миксаше во Београд. Свиреа најдобрите музичари, Сандрито Даниелов од Бугарија и Амза Таиров од Виница. Се снимаше во Ќустендил, Виница, Скопје, Струмица.-истакна Сузана, за гледачите на ИН ТВ.

