Нов музички проект повторно ни доаѓа од Соединетите Американски Држави, поточно од New Jersey (Њу Џерси).

Нашиот Македонец Зоран Рутески кој моментално се наоѓа во оваа прекуокеанска земја најавува и втор музички проект, насловен како: “Taка вели Љубовта”. Како автори на оваа прекрасна нумера се запишаа: Дарко Илиевски-Музика и Аранжман, Борче Нечовски-Текст. Песната се снимаше во две студиа и тоа: Студио ХL Момироски-Скопје и Студио Mozart-USA.
Меѓудругото оваа песна ни доаѓа како втора нумера после првата негова песна насловена како “Магија” за коja музичкиот спот го работеше ИН Продукција.
Музиката за песната “Магија” е дело на познатиот музичар Николче Мицевски, текстот го напиша Борче Нечовски, а аранжманот е на Дејан Момироски.

Како што открива Рутески ексклузивно за Естрадниот магазин Естрада плус, секако дека и за новата песна ќе следи и музички спот, кој за жал во овој момент беше одложен поради моменталната кризна состојба и пандемијата од коронавирусот која што го зафати целиот свет.
Во продолжение слушнете ја неговата најнова песна !
