
-Додека сме дома, учиме нови песни, се пробуваме на нови инструменти, пееме, гледаме концерти, во главно е весело. Секој од нас има некоја работа која му недостига помалку или повеќе, но генерално недостигаат дружбите, патувањата, настапите, слободата.-вели Ѓорѓи Манев, еден од членовите на Харизма бенд.
На нашето прашање, Што најпрво ќе направите откако ќе заврши вонредната состојба и откако ќе почнеме нормално да функционираме? Ѓорѓи вели :
-Има само еден краток одговор за ова прашање кој гласи: КАФАНАААА!!!

Инаку, Харизма бенд се добропознати по тоа што не мируваат и секогаш имаат нови планови. Тие во следниот период ќе реализираат неколку нови проекти.
–Како секоја сериозна компанија, така и нашиот Бенд има план за работа. Во агендата за оваа година имаме планирано неколку проекти за кои ќе направиме сé за да се реализираат.-открива Ѓорѓи.
На гледачите на естрадниот магазин Естрада плус им порачуваат да поминат квалитетно време со најблиските, да бидат позитивни, иновативни, да ги слушаат Харизма Бенд и Сара, да прават по некоја вежба за размрдување и да го посетуваат фрижидерот само во итни случаи.
Во продолжение уживајте во нивната изведба на песната “Пеам да не заплачам” !
Harizma band-Peam da ne zaplacam
Харизма бенд ги поздравуваат гледачите на ИН ТВ со одлична изведба на песната "Пеам да не заплачам" 🎶🎶🎶👏👏👏
Gepostet von INTV am Dienstag, 5. Mai 2020
