Оваа сабота на ИН ТВ : МУЗИЧКИ ДУЕЛ на Сузана Гавазова и Елена Велевска

Please follow and like us:
Pin Share

Изминатите години за нив често во медиумите можевме да прочитаме дека не се во добри односи. Секој медиум со своја приказна, а публиката со свој суд.

Почетоците на нивните кариери ги врзуваат со заеднички настапи во локали низ Струмица од 2003-та година до 2007-ма, по што секоја продолжи по свој пат. Новинарите често пишуваат за нивниот однос сакајќи да направат фама за читаност, но ретко што од тоа е вистина.

Моменталната состојба е таква каква што е, тешка за музичарите, но седењето дома некои го искористија за да ја развеселат публиката со концерти од дома кои ги емитуваат во живо на социјалните мрежи.

Сузана Гавазова речиси секоја сабота ја забавува публиката со концерти од нејзиниот дома, а така ќе биде и оваа сабота на 16-ти мај, но поразлично од се што досега сме виделе.

Имено, на саботниот концерт нејзин специјален гостин ќе биде Елена Велевска.

Откако одекна информацијата во јавноста, многумина велат дека станува збор за музички дуел кој одамна се чека, но наше е удобно да се сместиме, да бидеме онлајн и да гледаме ИН телевизија, па ќе дознаеме за што точно станува збор.

Please follow and like us:
Pin Share