“Никнало цвеќе шарено” е прва песна од новиот проект на Кирил Белистојаноски и Наум Џуклески

Please follow and like us:
Pin Share

Во овој период на изолација, Кирил Белистојаноски и Наум Џуклески остануваат креативни и доследни на нивните зборови.

Имено, тие го започнаа долгонајавуваниот проект, кој ќе се состои од преработка на староградски песни. Најпрво во студиото на Наум ја снимија песната “Никнало цвеќе шарено”, во соработка со познатиот музичар  и вокал на Селект бенд од Охрид, Љупчо Аслимоски, а во тимот беше и Марија Џуклеска.

-Започнавме со новиот проект, преработка на староградски песни. Благодарност до Љупчо Аслимоски, Наум Џуклески и Марија Џуклеска кои беа дел од тимот во содавањето на оваа творба. Уживајте !- напиша Кирил на неговиот фејсбук профил.

Кирил и Наум, овој проект го најавија и во неодамнешното интервју за ИН ТВ каде што откриваат дека во истиот ќе бидат вклучени голем број познати пејачи и музичари од македонската естрада.

-Во 2020-та година започнуваме со уште еден голем проект. Се работи за цел албум со обработка на стари македонски песни. Во проектот ќе бидат вклучени голем број наши популарни и добри музичари.-вели Џуклески, во интервјуто за ИН ТВ.

-Еве веќе откривме дека за планираме нов проект со староградски песни преработени и очекуваме нов албум со преработка на стари македонски песни. Така да, ќе видиме допрва како ќе се одвива тоа. Сите песни ќе бидат снимени во студиото на Наум, јас искрено сум задоволен од соработката со него и од овие две песни кои што ги снимивме во неговото студио, така да соработката продолжува и понатаму.-изјави во таа прилика, Белистојаноски.

Инаку, претходната година тие ја заокружија со промоција на заедничка песна која носи наслов “Судба”, а во студиото на ИН Продукција ја претставија и преработката на песната “Ништо не е случајно” од Наум Петрески.

 

Please follow and like us:
Pin Share