„Hurricane“ со заштитни маски претставија видео за борба со коронавирусот

Please follow and like us:
Pin Share

Несудените годинешни евровизиски претставнички на Србија, женското вокално трио „Hurricane“  го претстави видеото за „Roll The Dice“. 

Членките на популарната група ја посветија оваа песна на храбри доктори, медицински сестри, војници, полицајци, жени …

Поточно, на сите оние кои во моментов се борат на епидемијата на вирусот корона на свој начин. Некои храбро извршувајќи ги работните задачи, останатите слушајќи ги советите на надлежните државни органи и не го напуштаат домот.

Самото видео е во согласност со мотивот на оваа песна. Ивана Николиќ, Сања Вучиќ и Ксенија Кнежевиќ имаат  маски на лицето, а улиците, аеродромите, парковите и другите јавни места се празни, како показател како и треба да биде  моменталната состојба.

Погледнете го видеото во продолжение:

Please follow and like us:
Pin Share