Сузана Гавазова порача : “Бидете силни, сега само песна може да не обедини”

Please follow and like us:
Pin Share

Фолк пејачката Сузана Гавазова преку својот ФБ профил со песна им порача на своите фанови дека во овие моменти само песна може да не обедини.

Коронавирусот или „Ковид 19“ ни стави „кочница“ на секојдневниот живот, обврски, навики, активности. Брзината со која се шири вирусот предизвика да го ставиме секојдневието на пауза и малку да му дадеме одишка на пребрзото темпо на живеење.  Во исто време и не освести, не разбуди да ги цениме вистинските вредности, да имаме повеќе време за себе и своите најмили.

Голем број од македонските јавни личности се придржуваат кон препораките и апелираат до граѓаните да ги почитуваат. Имено, естрадните уметници ги откажаа и своите настапи  во државата и регионот, а многумина од нив се наоѓаат во своите домови.

Тие често знаат да се јават преку социјалните мрежи и на своите фанови да им покажат како го поминуваат времето, а пејачите знаат да се приклучат лајв и да поразговараат со своите фанови, да запеат и слично.

Една од најпознатите фолк пејачки на македонската естрада Сузана Гавазова, на своите фанови преку песна им порача “Бидете силни, сега само песна може да не обедини” !

 

Bidete silni..sega samo pesna moze da ne obedini.

Gepostet von Suzana Gavazova am Montag, 23. März 2020

Please follow and like us:
Pin Share