Игор Андреевски-Горд Македонец кој се труди да ја зачува македонската традиција

Please follow and like us:
Pin Share

Игор Андреевски, млад и горд македонец кој што сака да ја продолжи македонска традиција и да го зачува аманетот кој што ни го оставиле нашите предци. Тој во интервјуто за ИН ТВ вели дека колку што може ќе се труди да ја промовира македонската песна.

Во последно време, се поголем е бројот на млади македонски пејачи кои што се одлучуваат да чекорат во правец на македонската народна песна. Еден од нив е и талентираниот Игор Андреевски кој освен тоа што ја пее исклучиво македонската песна, тој е и самиот автор на своите дела.

-И народна и новокомпонирана, се што е наша квалитетна музика се разбира. Си го негувам уште од мал тоа ми е вродено, тоа ми е во генот како код запишано и мислам дека секој Македонец треба да си ја продолжи традицијата и да биде горд на себе, на своите песни, на она што ни го оставиле нашите предци. Гордо да стоиме зад тоа и колку што можеме да го промовираме, да го негуваме преку нашите настапи и мислам дека ситуацијата ќе биде се подобра и подобра.-истакна Андреевски за естрадниот магазин Естрада плус.

Игор за гледачите на ИН ТВ открива дека во моментов е во преговори за настап пред нашинците во Австралија, но повеќе детали ќе ни пренесе за скоро време.

-Секако, со гордост и со радост би прифатил да ги веселам Македонците во Австралија, да се веселиме заедно со наша убава македонска песна и да видам како тие ја чувствуваат однадвор нашата македонска музика. Би прифатил и мислам дека одлично ќе поминеме. Во преговори сум и наскоро ќе соопштиме повеќе детали се разбира преку сателитската ИН Телевизија.-додава тој, во интервјуто.

Инаку, деновиве Игор ја промовираше неговата најнова песна Вечна да е Македонија, која ја претстави заедно со спот. Видеото се снимаше на повеќе локации во Скопје и околината, а спотот го изработи ИН Продукција.

 

Please follow and like us:
Pin Share