Легато бенд-Мелбурн најголеми промотори на македонската песна

Please follow and like us:
Pin Share

Викендите им се резервирани за семејните прослави кои ги имаат во голем број. Легато бенд се едни од најпознатите македонски бендови во Австралија и големи промотори на македонската песна.

Големи промотори на македонската песна во Австралија се момците од Легато бенд. Тие важат за едни од најбараните македонски музичари таму, а можат да се пофалат со бројни ангажмани како на семејните прослави, така и низ локалите и рестораните. Љубителите на убавата македонска песна периодов заедно со нив може да уживаат во познатиот македонски ресторан “Канео”.

-Па се бориме некако да ја промовираме македонската музика низ Австралија, воедно во ресторанот Канео и како Легато бенд зафатени сме сабота и недела со крштевки, свадби. Колку што можеме да ја промовираме македонската песна и оро и игра. Секогаш сме тука да им овозможиме на нашите македонци да бидат во постојан контакт со македонската музика.-истакна Круме Милески во интервјуто за ИН ТВ.

Иако имаат бројни ангажмани во текот на целата година, Легато бенд се познати и по тоа што често снимаат нов материјал. Пред само краток период во студиото на ИН Телевизија во Мелбурн тие го снимија нивниот најнов заеднички проект, кој што се состои од добро одбрани македонски песни.

-Така да, уште еднаш ќе им се заблагодарам на ИН ТВ Австралија која што ни го овозможи сето ова, ете така спонтано да се собериме и да го направиме овој македонски проект. Се надевам дека ќе им се допадне и на нашите во Македонија, но и на македонците во Австралија.-додава тој.

Инаку, проектот е отсвирен и отпеан во живо, а нивната цел е со убавата македонска песна да допрат до срцата на македонците, не само во Македонија и Австралија, туку низ целиот свет.

Во продолжение уживајте во нивната изведба на безвременскиот хит “Бисер Балкански” !

 

Please follow and like us:
Pin Share