Ѓоко Јовиќ и Енерџи бенд растураат во Австралија. За концертите се бара карта повеќе, а нивните настапи се со преголема посетеност. Тие пред да заминат на Австралиската турнеја најавија вистински спектакл, а од видеата кои секојдневно се споделуваат на социјалните мрежи може да видиме дека и навистина е така.

Едни од најпознатите македонски музичари Ѓоко Јовиќ и Енерџи бенд периодов ја остваруваат нивната Австралиска турнеја за која што слободно може да се каже дека е повеќе од успешна. Тие изминатиов период одржаа неколку големи концерти, но имаа и голем број настапи на семејните прослави кај нашите македонци. Со Ѓоко и Енерџи можеа да уживаат нашинците кои живеат во Волонгонг, Сиднеј, Њукасл, Мелбурн, Queenbeyan, Перт.
За нивните настапи се бара карта повеќе, а неколку од закажаните концерти како оние во Волонгонг, Сиднеј и Мелбурн, истите беа однапред распродадени. Така е и со концертот кој што е закажан за 14-ти март во клубот Вардар, распродаден до последното место.

Ѓоко и момците од неговиот Енерџи бенд, покрај бројните ангажмани имаа можност да се дружат со нивните пријатели, роднини, а во овој период колку што престојуваат во Австралија, тие стекнаа и голем број нови познанства.
Инаку, Ѓоко успеа да сними и спот таму за неговата најнова песна “Очи океани”, кој што се очекува да излезе во најскоро време. Песната “Очи океани” ја работеше со добропознатиот тим Лазар и Магдалена Цветковски.

По враќањето од Австралиската турнеја, момците малку ќе се одморат, па веднаш потоа следува и нивниот настап закажан за 28-ти март во Поли Пите во Ешалан, Швајцарија. Забавата е со почеток од 19 часот, а истата Ѓоко и Енерџи ја најавија со прекрасна изведба на песната “Дајте ми ја”, во живо на фејсбук.
