Ана Николиќ порача : “Се гледаме на суд”

Please follow and like us:
Pin Share

Српските портали беа преплавени со вести дека поп-ѕвездата Ана Николиќ завршила во болница затоа што, наводно, претерала со алкохолот, што и е забрането, бидејќи имала операција на желудникот.

Оваа вест ги загрижи некои од членовите на семејството на славната пејачка, па таа одлучи да се огласи и да ја каже својата страна на приказната.

–Ако баба ми повторно ме повика да ме праша дали навистина завршив во болницата, ако повторно ја вознемирувате баба ми, ќе се видиме на суд! Престанете со будалаштини – напиша пејачката на својот профил на Инстаграм.

Изминатиот период неколкупати се појавија шпекулации дека Николиќ неколкупати завршила во болница поради влошено здрвје, а една од случките наводно била на аеродром во Дубаи.

Please follow and like us:
Pin Share