Одлична вечер, исполнета со позитивна енергија и спектакуларна забава им приредија Анета и Молика, Џамбо и ДВА БОНА, на македонците во Швајцарија. И овојпат, Македонското друштво “Пирок” успеа да ги спои македонците кои живеат низ Швајцарија и во соседните земји. Забавата имаше и хуманитарен карактер, со што ќе им се помогне на лица од Македонија.

По повод празникот Св. Трифун и Св. Валентин, викендов се одржа голема македонска забава во Паерн, Швајцарија заедно со незаменливите Анета и група Молика, Џамбо Агушев и неговиот оркестар, како и милениците на помладата популација, ДВА БОНА.
Македонското друштво “Пирок” уште еднаш успеа да ги собере сите македонци на едно место во Швајцарија, а како што информираат оттаму на забавата имало над 2000 лица.

Секако, како и нивните претходни настани и овојпат вечерта помина во знакот на хуманоста. Насобраните парични средства од продадените слатки производи ќе бидат донирани за пет лица од Македонија на кои им е потребна најголема помош. Друштвото ги одбра Лука Јовановски од Скопје, Владимир Грчев од Струмица, Павел Стојановски од Свети Николе, Ѓорѓи Трајков од Струмица, Ева Колоска од Охрид.
Инаку, во музичката програма настапија и КУД Св. Наум Охридски од Тринген, а свој дел имаа и Ди џеј Гурумикс и Ди џеј Тренд.

