Грци ја нападнаа екипата на ИН ТВ во Перт поради сонцето од Кутлеш

Please follow and like us:
Pin Share

Грчки националисти ја нападнале екипата на ИН ТВ на позната плажа во Перт. Нападот се случил бидејќи еден од членовите на ИН ТВ носел маица и пешкир со сонцето од Кутлеш.

Екипата на ИН ТВ кои биле заедно со фолк пејачот Јошка, беа нападнати во ресторан на една позната плажа во Перт, Австралија.

Едно лице од екипата на ИН ТВ носело маица и пешкир со сонцето од Куклеш, а откако во ресторанот влегле група од неколку Грчки националисти, лицето најпрво било вербално нападнато, а потоа и физички.

Како што не информираше нашата екипа во Австралија, полицијата привела неколку Македонци и сите Грци.

Еден член од екипата на ИН ТВ завршил со повреди и модринки по телото, но подебелиот крај го извлекле Грците.

За потсетување, деновиве во Перт Австралија се наоѓа екипа на ИН ТВ и ИН продукција од Македонија, на чело со првото лице на телевизијата Ване Петкоски, по повод снимањето на бројни емисии со нашите Македонци.

Please follow and like us:
Pin Share