САНИ СРУШИ РЕКОРДИ ВО КАНАДА

Please follow and like us:
Pin Share

Една од најпопуларните пејачки на македонската фолк естрада, Сани, сруши рекорди на посетеност во Канада. За нејзиниот концерт биле продадени околу 750 влезници што е доста голема бројка и голем успех за неа и организаторите.

Познатата фолк пејачка Сани, која важи за една од најбараните на македонската естрада, изминатиот месец по покана на нашите македонци во Канада гостуваше кај нив и ги сруши рекордите на посетеност. Верувале или ни, за нејзиниот концерт биле продадени околу 750 влезници, што е навистина голема бројка.

Како што дознаваме од наши извори, организаторите и не очекувале дека ќе дојде толку народ, со оглед на тоа што претходно, некои од македонските пејачи поминувале доста послабо.

Атрактивната пејачка пред извесно време го промовираше спотот за песната “Хаос”, кој наиде на доста позитивни коментари од јавноста. Спотот беше снимен на неколку локации во Скопје, а го изработи ИН Продукција.

Please follow and like us:
Pin Share