Стефан Величковски за Денот на љубовта ќе им подари нова песна на сите заљубени

Please follow and like us:
Pin Share

Македонскиот пејач кој своеволно го напушти најгледаното регионално музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, Стефан Величковски активно работи на нов авторски материјал со кој ќе ги израдува своите обожаватели.

Имено, пејачот веќе ја снимил својата нова песна со наслов „Остани со мене“ на која како автори се потпишуваат Александар Тарабунов (музика), Ванчо Тарабунов (текст) и Драган Ристовски (аранжман), а за истата деновиве ќе се снима и видеозапис.

– Големиот број на настапи, а до пред месец дена и учеството во „Ѕвездите на Гранд“ не ми оставаа слободно време за да се посветам на авторска музика и видеозаписи, па сега мислам е вистинско време за тоа. Новата песна заедно со видеозапис ќе ја објавам на 14-ти февруари, на Денот на виното и љубовта и мислам дека ќе усреќам многу заљубени двојки“ вели Величковски.

Тој пред извесно време објави кавер на песната “Jos uvek sanjam da smo zajedno” од Тоше Проески и доби бројни позитивни коментари за неговата одлична изведба.

Please follow and like us:
Pin Share