Селект бенд од Охрид постојано во допир со музиката

Please follow and like us:
Pin Share

Некои од нив работат и како професори по музичка култура, па може слободно да се каже дека членовите од Селект бенд-Охрид постојано се во допир со музиката. Периодов, слободно време имаат преку недела, бидејќи викендите им се резервирани за настапи низ локалите, а не изостануваат ни ангажманите на семејните прослави.

Тие важат за искусни музичари, кои се дел од Селект бенд-Охрид. Но, освен тоа што се ангажирани во бендот, некои од нив работат и како професори по музичка култура. Тоа се Љупчо Аслимоски, Боби Спироски и Христијан Гаврилоски, кои што постојано се во допир со музиката. Слободно време можат да најдат само преку недела.

-Слободно време имаме преку недела. Имаме слободно време, но ангажирани сме со оние работи со кои што се занимаваме, со музиката. Работиме и во такви училишта каде што повторно се занимаваме со музика, професионално. Значи цело време сме со музиката.-истакна Љупчо Аслимоски, вокал на бендот.

Нивната музичка приказна како што велат од бендот, започнала пред околу деветнаесет години во месец август. Бендот се состои од пет членови, а доста барани се во Охридско-Струшкиот регион. Интересно е тоа што од самиот почеток на нивното оформување, тие сеуште се во истиот состав.

-Приказната започна во месец август. Сите заедно се собравме, најпрво свиревме забавна музика во барови и кафичи, за да се пренамениме некако во оваа народна традиционална музика. Инаку, настапуваме во викенди по охридските кафичи, а настапи имаме и на семејните веселби и така во летниот период сме малку повеќе ангажирани.-додава тој, за естрадниот магазин “Естрада плус”.

Деновиве, Селект бенд од Охрид актуелни се со нивните нови кавери на познати македонски народни хитови, а за периодот кој следи најавуваат и проект со забавна музика.

Please follow and like us:
Pin Share