Само што го прослави неговиот голем јубилеј, а веќе работи и на новиот материјал. Маестро Гоце Џуклески ни открива дека работи на нови 8 композиции од кои неколку песни, но и неколку ора.

Пред само извесно време го одржа неговиот јубилеен концерт, со кој одбележа 40 години музичко творештво. Но, сеуште не планира да се откаже од музиката. Виртуозот на хармоника, маестро Гоце Џуклески за следниот период е веќе подготвен со нови песни и инструментални дела.
-Ако ме послужи здравјето јас продолжувам и понатаму да творам. Навистина полн сум со енергија за среќа сеуште. Имам доста интересни идеи за нови мелодиски линии. Ете во моментов имам нови 8 композиции од кои неколку песни и неколку ора. Така да периодов што следи пред мене ќе го посветам на тие материјали да ги снимам и продолжувам и понатаму се надевам дека ќе ми доаѓаат како река и нови идеи музички и едноставно тоа е мојот живот, тоа е мојот свет.-изјави Џуклески, по завршувањето на неговиот јубилеен концерт.

Инаку, Гоце соработува со голем број музички имиња од македонската естрада, од кои најповеќе со Сузана Спасовска, Милица Кузмановска, Сашо Ливрински, Мирко Вретоски, Ѓоко Дичоски, Кирил Белистојаноски, Наум Џуклески и многу други.
