Препознатливи се по нивните хитови “Еј девојче од мојата мала”, “Мајко моја”, “Гулабице моја”, но овој пат тие ќе ја изненадат нивната публика со нешто сосема поразлично од она што досега го работат. Оркестар Маестрал најавуваат песна во поп стил.

Оркестар Маестрал за периодот кој следи подготвуваат вистинско изненадување за публиката. Тие во моментов работат на нивната прва песна која што за разлика од претходните ќе биде во поп верзија.
-Оркестар Маестрал имам и една песна забавна, која за нас ќе биде прва поп песна на колегата Александар Тасески, нашиот соло гитарист. Се надевам дека следната недела ќе ви бидеме гости во студиото на ИН Продукција и ќе ја презентираме на вашата телевизија.-открива Рубин Илиоски, за естрадниот магазин Естрада плус.

Покрај оваа забавна песна, деновиве во студиото на ИН Продукција планираат да претстават уште две нови наменски песни, една за свадба и една за крштевка.
-Секако дека Оркестар Маестрал има уште две нови песни. Еве може да се пофалиме и пред гледачите на ИН ТВ дека двете песни се наменски, едната е за крштевка, а другата е за свадба. Останува на вас како медиум да ги презентирате да ги гледа и слуша публиката. Ние веќе им ги презентираме на нашите настапи, останува сега на вас.-додава тој.
Со оглед на тоа што станува збор за музичари кои важат за големи хуманитарци, тие беа дел од хуманитарниот концерт кој се одржа во с. Ропотово-Прилепско, а целта на настанот беше да се соберат парични средства за доизградба на манастирот Св. Атанасие.
