Дали ги погледнавте и дали ви се допаднаа новите видеа од Џеват Рамаданоски за инструменталките на мелодиите “Со маки сум се родил јас” и “Налеј Налеј”?!

Џеват Рамаданоски деновиве ги промовираше инструменталките за мелодиите “Со маки сум се родил јас” и “Налеј Налеј”. Како што вели тој овие антологиски мелодии ги направил со понов аранжман, односно со споени класични и народни елементи.
Неговиот најнов проект е во соработка со Петар Јованов и МИ 16 Продукција од Сиднеј, како и браќата Беби и Омер Зекировски.
Во продолжение уживајте во видеата на Џеват !
