Драгана Мирковиќ му го спаси животот на Жан Клод Ван Дам

Please follow and like us:
Pin Share

Драгана Мирковиќ му го спасила животот на нејзиниот долгогодишен пријател Жан Клод Ван Дам така што ги пронашла најдобрите лекари во Виена кои веднаш го оперирале.

Светски познатиот актер со години имал проблеми со простата, а бидејќи здравствената состојба му се влошувала морал под итно да направи интервенција.

Пејачката и нејзиниот сопруг Тони Бјелиќ дознале за интервенцијата, а бидејќи ги познаваат најдобрите доктори им кажале за здравствениот проблем, а тие предложиле веднаш да се направи интервенција.

„Драгана и Тони ги покренаа сите врски кои ги имаат за да може да помогнат на пријателот. Тие се сакаат како да се роднини. Клиниката каде што беше опериран Жан Клод важи за една од најдобрите во Европа. Тука се оперираат политичари, ѕвезди од шоу бизнисот. Загарантирана им е приватност, најдобра нега, но мора да исполни само еден услов – а тоа е да имаат длабок џеп. Имено, само сместувањето изнесува 2000 евра од ден“, вели извор кој е вработен во клиниката и додава:

„Тој навистина беше прекрасен и љубезен. Кога ќе ни се обратеше за било што изгледаше срамежливо и ненаметливо. Кај нас беше сместен 10 дена, а потоа беше пуштен на домашно лекување. Мислам дека Драгана Мирковиќ го донесе кој нас, не знам, не работев тој ден, но колегите велат дека била тука. Секој ден му пристигнуваше свежо цвеќе и овошје, се гледа дека се пријатели и дека се сакаат“ вели изворот.

Please follow and like us:
Pin Share