(ВИДЕО) Милован Секулоски отсега со “Позитив бенд”

Please follow and like us:
Pin Share

Милован Секулоски отсега ќе настапува со нов бенд. Со оглед на тоа што ќе соработува со едни од најдобрите музичари во Охридско-Струшкиот регион, тој се надева дека одлично ќе функционираат.

Познатиот пејач Милован Секулоски кој што е препознатлив по неговиот моќен вокал неодамна си оформи и свој бенд.

Со неговиот “Позитив бенд” кој се состои од неколку одлични и доста искусни музичари од Охридско-Струшкиот регион планира да настапува на семејните прослави.

-Ние во план бевме веќе подолго време, можеби две до три години тлееше тоа во нас, а јас би сакал да спомнам дека девет години  настапував со Група Носталгија од Битола, но сакав да се сконцентрирам малку во Охрид. Дечките беа расположени за соработка и го оформивме овој бенд па се надевам дека убаво ќе функционираме.

Би сакал да ги поздравам членовите на бендот, Кирил Ничевски-хармоника, Димитар Димоски-саксофон и кларинет, Стевче Велјаноски-клавијатури и бас, Ристе Трајаноски-гитара и најмладиот член Кристијан Плаќаноски-ударни инструменти.-вели Секулоски, за естрадниот магазин Естрада плус.

Милован во интервјуто за ИН ТВ ни откри дека заедно со неговиот бенд планирале да снимат и заеднички проект со подзаборавени македонски песни, но за жал поради состојбата со коронавирусот биле спречени истиот да го реализираат.

-Ние планиравме да снимиме еден проект, сега во мода се преработки на песни кои што се подзаборавени, но поради ситуацијава која што е повторно ќе напоменам со коронавирусот, бевме спречени, но во скоро време мислам дека ќе започнеме да работиме на тој проект.-додава тој за гледачите на ИН ТВ.

Со оглед на тоа што Милован е самиот автор на поголемиот дел од  неговите песни, не ја исклучува можноста во следниот период да создаде нова песна која што ќе ја изведе заедно со “Позитив бенд”.

Please follow and like us:
Pin Share