Слушнете ја новата песна на Димитар Андоновски

Please follow and like us:
Pin Share

„Се што правев за тебе” е насловот на новата песна на Димитар Андоновски која што е негово комплетно авторско дело. Песната беше претставена на годинешното издание на фестивалот „Макфест“.

Познатиот Македонски пејач Димитар Андоновски деновиве ја објави неговата најнова песна која носи наслов „Се што правев за тебе”. Песната е негово прво комплетно авторско дело, а истата беше снимена по повод овогодинешното издание на фестивалот „Макфест“ каде што и тој зеде учество.

„Со оваа песна официјално го најавувам враќањето на мојата соло музичка кариера на естрадата и најавувам уште многу музика и песни од мене во иднина. Им се заблагодарувам на моите драги пријатели и соработници што ми ја разубавија мелодијата со нивните инструменти“, вели Андоновски.

Димитар важи за одличен пејач и музичар кој што долги години опстојува на македонската забавна сцена. Зад себе има бројни хитовски песни од кои “Ова небо знае се”, “Гледај ме во очи”, “Ми зеде се”, “Само тоа го можеш ти” и уште многу други.

Please follow and like us:
Pin Share