Марјан Коцев во неодамнешното интервју за ИН ТВ зборува за целата ситуација со корона кризата и колку оваа состојба влијаеше врз животот на музичарите.

За ситуацијата со корона кризата во интервју за ИН ТВ проговори и познатиот фолк пејач Марјан Коцев кој меѓудругото вели дека треба да гледаме позитивно на целата ситуација бидејќи после секој дожд доаѓа сонце, а после секоја темнина во тунелот-доаѓа светлина.
-Значи физички одморивме и психолошки одморивме, но како се преодморивме одма не нападна другиот психолошки умор од неработење и од трошоците кои си идат. Нешто снимав, но некако се нема желба, волја, некако плановите се скратија и се се скрати. Кога ќе видиме, околу нас веќе не е таа атмосфера која што беше. Да бидеме оптимисти, лека полека да се вратиме во некоја си нормала. Мора да гледаме позитивни, бидејќи после секој дожд, доаѓа сонце, после секоја темнина во тунелот, доаѓа и светлина. Да се надеваме, само тоа ни останува.-истакна Коцев, за естрадниот магазин Естрада плус.

Тој во интервјуто додава дека во изминатиот период најмногу му недостигале свирките, како и дружбата со неговите колеги од македонската естрада. Тука спаѓаат и кафе разговорите после свирките, кои траеле до раните утрински часови.
