(ВИДЕО) Елена Велевска ја има својата наследничка во музичките води

Please follow and like us:
Pin Share

Запеа поголемата ќерка на Елена Велевска. Нејзината кратка изведба на познат светски хит несомнено покажува дека Елена веќе ја има својата наследничка во музиката.

Деновиве една од најпознатите фолк пејачки во земјава, Елена Велевска објави видео на социјалните мрежи на кое нејзината ќерка Софија пее познат светски хит, а тоа го прави навистина извонредно.

-Кога децата се многу подобра верзија од нас. Браво Софи.-напиша познатата фолк дива на објавата која што собра голем број лајкови и позитивни коментари од нејзините пријатели, но и колеги од македонската естрада.

Меѓу бројните коментари се најде и оној на нејзината колешка Сузана Гавазова која што истотака ја пофали Софи за нејзината изведба.

Од видеото, но и од фотографиите кои што Велевска секојдневно ги објавува на социјалните мрежи, можеме да забележиме дека Софија прераснала во вистинска убавица.

За потсетување, покрај Софија, Елена има уште две дечиња Марко и Калија кои истотака покажуваат афинитети кон музиката, а пред извесен период тројцата имаа заеднички настап на Детскиот музички фестивал “Распеано Рибарче” кој што се одржува во Охрид.

Кога децата се многу подобра верзија од нас.Браво,Софи🎤

Gepostet von Elena Velevska am Montag, 24. August 2020

Please follow and like us:
Pin Share