Ташко Каранфиловски e последниот добитник на 400 долари од Австралиската ИН ТВ за месец јули. Со над 600 гласови ја однесе победата на “Најдобриот на листата” со песната “Само едно ми е важно”.

Познатиот фолк пејач Ташко Каранфиловски, кој важи за еден од најбараните во нашата земја, но и надвор од неа е петтиот победник на “Најдобриот на листата” и добитник на 400 Австралиски долари од Сателитската ИН ТВ.
Тој освои над 600 гласови со неговата песна “Само едно ми е важно” која е посветена на неговата сопруга Мартина.
Како што истакна Ташко во интервјуто за ИНТВ оваа парична награда ќе ја искористи во хуманитарни цели, односно ќе ги донира на Децата со посебни потреби од Дневниот центар во Ресен.

Да потсетиме, гласањето се одвиваше јавно на фејбук групата ИН ТВ САТЕЛИТСКА ТЕЛЕВИЗИЈА.
