“Пред споменикот на Гоце Делчев” е насловот на новата песна на Вера Трајкоска. Со оглед на тоа што станува збор за доста емотивна песна таа се надева дека ќе биде добро прифатена од македонскиот народ.

Уште еден голем амбасадор на македонската песна во Австралија е прекрасната пејачка Вера Трајкоска. Иако живее во Мелбурн, таа изминатите година и пол дена ги помина во Македонија заедно со нејзиното семејство. Престојот во нејзината родна земја го искористи за снимање на нова песна која што повторно е во нејзиниот препознатлив патриотски дух.
-Песната се вика “Пред споменикот на Гоце Делчев”. Голема чест за мене е да имам ваква песна и ја да отпеам, многу ми значи. Оваа песна е во соработка со Славко Ристески со кој што ја работев и “Балканска љубов”. Поздрав голем до него, одлично сработено и морам да кажам дека пресреќна сум со песната.-истакна Вера, за естрадниот магазин Естрада плус.

Вера во интервјуто за ИН ТВ вели дека песната ја добила на почетокот од годинава, но поради ситуацијата со коронавирусот, биле приморани да го одложат снимањето , кое што завршило пред три недели.
-Јас со оваа песна сакам да ја кажам вистината. Оваа тема навистина многу ни тежи на нас Македонците насекаде низ светот и сакам да бидам дел од вистината. Затоа кога ја добив оваа песна и кога го прочитав текстот, се наежив, солзи ми протекоа и знаев дека оваа песна е за мене, па морав да ја отпеам.-додава таа во интервјуто за ИН ТВ.
Инаку, за песната “Балканска љубов” Вера сними и спот кој е во соработка со ИН Продукција. Спотот е снимен кај Манастирот Прохор Пчински кој се наоѓа во близина на Мелбурн.
