Видео проект во новото студио на ИН Продукција снимија Група Динамика. Покрај свадбарските песни, во овој проект е вклучена и нивната автоска песна “Лична Илина”.

Момците од Група Динамика во студиото на ИН Продукција во Охрид го снимија нивниот најнов проект, трет по ред. Како што велат проектот се состои од добро одбрани македонски песни кои се доста познати на јавноста, а покрај нив снимија и видео за нивната авторска песна “Лична Илина” која е работена од доста познати автори.
-Проектот се состои од стари македонски свадбарски песни и една наша авторска песна која што излезе пред околу 6-7 месеци. Музиката и аранжманот се на Златко Миладиноски, текстот го напиша Драган Матески, а песната е снимена во студио Анастасија и сакам да ги поздравам сите колеги кои учествуваа во песната.
Целта на проектот е најпрво да им се допадне на гледачите и народот бидејќи сето ова што го правиме, го правиме за нив. Најмногу се надеваме дека ќе порасне бројката за наши настапи на свадби, крштевки и други семејни прослави, она што е кај нас традиционално.-вели Никита Дуковски, еден од членовите.

Инаку, Група Динамика е оформена пред околу две години, а се состои од неколку млади и доста искусни музичари.
Александар-вокал на групата, Никита Дуковски на хармоника, Димитар-бас клавијатури, Мартин-саксофон и дувачки инструменти и Влатко на тапани.
Покрај овој проект, кој што деновиве ќе биде премиерно претставен на сателитската ИН Телевизија тие за следниот период најавуваат уште низа новитети за нивните фанови.
Во продолжение погледнете дел од нивниот проект !
