СЕКО е презадоволен од коментарите кои што ги добива за неговата прва песна “Далеку од тебе”. Тој за Естрада плус открива дека во моментов подготвува уште една нова песна.

Младиот и талентиран пејач и музичар СЕКО, пред само краток период го промовираше неговото првенче, односно неговата прва песна која што носи наслов “Далеку од тебе”. Со оглед на тоа што се работи за прва песна, СЕКО одлучи да ја претстави заедно со спот кој беше снимен на повеќе локации низ Делчево и Македонска Каменица.
-Дел од спотот се снимаше на планината Голак во Делчево, кај Браната во Македонска Каменица и хотел Санрајс Делчево. Значи, за потребите на видеото за мојота песна, ги употребивме овие локации и испадна многу добро. Вклучени се и моите колеги од Универзал бенд, Роберт Веселиновски на бубњеви, Даме манов на сајзер и Кико Ѓорѓиевски на гитара.-

Секо во интервјуто за ИН ТВ истакна дека е презадоволен од крајниот резултат на песната и спотот и открива дека во текот на изминативе денови добил низа позитивни коментари кои му даваат дополнителен поттик за неговата работа во иднина.
-Најпрво би сакал да кажам дека песната и спотот испаднаа онака како што имав замислено и многу сум задоволен. Сите коментари кои ги добив во изминативе денови се позитивни и тоа е голема радост за мене.-
Инаку, мора да нагласиме дека младиот СЕКО потекнува од музичка фамилија и е син на виртуозот на дувачки инструменти Секо Џипси кој во моментов се наоѓа во Австралија.
Во студиото на ИН Продукција Секо изведе две песни во живо заедно со неговиот брат кој свири на саксофон. Станува збор за познатата македонска песна “Се ми земаш животе”, како и неговата “Далеку од тебе”.
