Александра Пријовиќ итно оперирана. Имено, пејачката имала четири бенки кои почнале да ја менуваат бојата и да раснат, па побарала помош од хирург.

Како што пренесуваат медиумите, Пријовиќ не го известила својот сопруг Филип Живојиновиќ туку кај докторот била со својот менаџер.
Операцијата била закажана за осум наутро, а пејачката стигнала порано. Без шминка, во хеланки и патики влегла во џипот кој го купи неодамна и заминала на интервенција.

Александра не му кажала ништо на Филип бидејќи тој ден имал многу обврски во својата нова фирма, па не сакала да му создава дополнителен стрес.
„Александра оперираше 4 бенки. Две на грбот, еден на ногата и еден над окото. Операцијата траеше подолго бидејќи таа се плашеше. Кажа дека се плаши од анестезија и дека одлучила да се оперира само затоа што бенките почнале да растат и да ја менуваат бојата. Кога заврши операцијата истакна дека едвај чека да си оди дома кај синот и да си легне затоа што срцето и чука забрзано“, вели девојка која во моментот се нашла во болницата.
