Ангел Стојкоски : Се надевам дека во најскоро време ќе започнеме со настапи

Please follow and like us:
Pin Share

Изминатиов период неговите настапи беа одложеи, но веќе добива нови понуди за настапи. Ангел Стојкоски се надева дека закажаните настапи конечно ќе се реализираат.

Како и на повеќето музичари од македонската естрада, така и на Ангел Стојкоски закажаните настапи за март, април, мај и јуни беа откажани или одложени. Иако требаше да настапи на голем број семејни прослави, истите се презакажани за следниот период. Ангел во интервјуто за ИН ТВ вели дека веќе започнал да добива нови понуди за свирки, кои што се надева дека ќе се реализираат.

-Сеуште не се знае ништо, а најголемиот дел од моите свирки и настапи беа токму во овој период, март, април, мај, јуни, на семејните прослави, матурските забави и многу настапи ми беа одложени, но бидејќи јас сум секогаш позитивен се надевам дека се ќе биде во најдобар ред. Имаме сега некои нови закажани настапи, се надевам дека се ќе помине добро и дека ќе се одржат тие настапи.-истакна Стојкоски во интервјуто за ИН ТВ.

Инаку, Ангел пред само краток период ја промовираше неговата најнова песна заедно со спот кој го изработи ИН продукција. Песната е насловена Брате мој и овојпат е со печалбарска тематика. За периодот кој следи најавува нови песни и комплетирање на албум.

Please follow and like us:
Pin Share