Влатко Алексовски го предизвикува Марјан Коцев на ФОЛК ДУЕЛ

Please follow and like us:
Pin Share

Фолк пејачот Влатко Алексовски во интервју за ИН ТВ вели дека би сакал да направи еден другарски музички дуел со неговиот колега Марјан Коцев. Тој вели дека таква заедничка вечер би била вистинско уживање за нивните фанови.

Изминатиот период јавноста имаше можност да ужива во доста голем број концерти во живо кои што ги организираа нашите македонски музичари. Беше одржан и фолк дуел, односно едно музичко дружење на фолк пејачите Благојче Стојановски Туше и Цаки Кисми во студиото на ИН ТВ во Охрид.

А пред само краток период во ИН Продукција гостуваше Влатко Алексовски кој што ни откри кој пејач од македонската естрада би сакал да го предизвика на фолк дуел. Еве што вели тој :

-Терминолошки да го анализираме зборот дуел малку грубо ми звучи, асоцира на ривалство, престиж, конфликт, но во позитивна смисла го замислувам како едно дружење и забава со одбрани колеги или колешки од естрадата. Ме прашавте кого би селектирал, со сите имам одлични односи, но сепак Марјан Коцев ми е еден од поблиските другари и колеги од естрадата, со Мацо би се дружеле една вечер во вашето студио прекрасно и нормално на задоволство на гледачите.-истакна Алексовски, за гледачите на ИН ТВ.

Инаку, Влатко периодов работи на неговиот нов материјал кој што ќе го претстави во најскоро време. Како што истакна тој за естрадниот магазин “Естрада плус” периодот на изолација го искористил да подготви четири нови песни, од кои една во забавен стил, што ќе биде вистинско изненадување за јавноста со оглед на тоа што Влатко е познат како фолк пејач.

 

Please follow and like us:
Pin Share