Катарина Грујиќ откри каков дечко може да ја освои

Please follow and like us:
Pin Share

Катарина Грујиќ призна дека сè уште нема љубовен партнер, а сега откри за заинтересираните каков човек треба да биде потенцијалниот кандидат ако сака да го освои нејзиното срце.

„Не можам да кажам – црн, висок, ова, тоа, но сакам мојот мозок да биде маѓепсан, да ме фасцинира! Физичкиот изглед веќе не е важен, но би било пожелно тој да биде висок“, се пошегува Катарина, која смета дека важно е мажите секогаш да ги посипуваат со внимание своите поубави половини во врските.

„Во врската по некое време, мажите се релаксираат, престануваат да ги изненадуваат девојките, да работат напорно и да бидат внимателни, но се надевам дека мојата следна врска ќе биде убава“, додаде Катарина во шоуто „Ексклузивно“.

Please follow and like us:
Pin Share