Кико и пријателите сабота со концерт во живо на ИН ТВ

Please follow and like us:
Pin Share

Концерт во живо на сателитската ИН Телевизија ќе одржи Христијан Божинов Кико со Пријателите. Сабота, 6-ти јуни со почеток од 21 часот.

По барање на неговите илјадници фанови, свој концерт во живо ќе одржи еден од најпознатите и најбараните машки вокали во Македонија и надвор од неа, извонредниот Христијан Божинов Кико.

За оваа прилика тој си одбра и одличен тим од врвни музичари кои што ќе го придружуваат во текот на неколкучасовниот концерт. Заедно со него ќе бидат неговите колеги, Фимчо, Мики, Никола, Горан, Енис, Симон и Иван.

Покрај неговите големи хитови, “Тапан грми”, “Уште еднаш да затрепериш”, “Десет срца”, “Сто и една жена”, “Кралица и Крал” ќе бидат отпеани и голем број песни по желба на неговите фанови.

Концертот е веќе закажан за 06 јуни ( сабота ) со почеток од 21 часот.

Ваше е удобно да се сместите во вашите домови, да се вклучите на Сателитската ИН Телевизија која што ќе го пренесува концертот во живо или пак да ги вклучите вашите смартфони на нивните фан страни на фејсбук и јутјуб и секако да уживате во сето она што ви го подготвил Кико со неговиот тим.

 

 

Please follow and like us:
Pin Share