Во овој тежок период за сите нас, поради ситуацијата со коронавирусот, иако доста оштетени, македонските музичари со засилено темпо продолжуваат на секој можен начин да ги расположат нивните фанови.

Едни од нив се и познатите Бумбари бенд кои доста често знаат да објават карантинско видео на социјалните мрежи, секако што и да отпеат, звучи извонредно.
А сега веќе, тие се и во нов состав, односно пред извесно време добија засилување од подмладокот. Станува збор за одличните вокалисти, нивните деца, Ивана, Елена и Петар.
– Најново кај Бумбари бенд е промената, односно дополнувањето на бендот со нови членови, а тоа се подмладокот од Бумбари Бенд како нови вокални солисти и тоа Ивана Наумова и Елена Наумова како женски вокали и Петар Наумов како машки вокал. Нормално, во периодот кој следува ке следуваат и музички проекти кои планираме да ги реализираме во соработка со ИН ТВ, па се надеваме новата промена ќе им се допадне на публиката.-изјави неодамна од Бумбари бенд, за Естрада плус.
По примерот на нивните колеги, Сузана Гавазова, Цаки Кисми, Благојче Стојановски Туше, Стојне и Мојсо, Благоја Грујовски, Дрим тим, сега и Бумбари бенд со нивниот подмладок решија да направат неколкучасовен концерт во живо.
Концертот ќе се одржи на 05 јуни ( петок ) со почеток од 21 часот, а ќе биде пренесуван во живо на Сателитската ИН Телевизија.
