Стојне и Благоја им приредија незаборавна вечер на фановите

Please follow and like us:
Pin Share

Стојне Николова и Бобан Мојсовски викендов повторно одржаа концерт во живо кој што беше пренесуван на сателитската ИН Телевизија и на нивните фан страни на фејсбук и јутјуб. Како и претходниот пат, тие беа придружувани од младиот саксофонист Даниел Божиноски.

Нивната цел е со ваквите онлајн концерти да ги расположат нивните фанови во овие тешки моменти кои преовладуваат во нашата земја и насекаде низ светот, поради пандемијата од коронавирусот.

-Во оваа прилика сакам да ги поздравам сите наши колеги музичари, да им посакам што поскоро да се вратат на своите настапи, да се дружат со нивните обожаватели бидејќи еве ќе тргнам од себе, музиката е она што го го работат со љубов и навистина им недостасува да видат убави насмевки и да расположат некого-истакна Стојне.

Овој пат, Стојне и Бобан одлучија да си повикаат и нивни близок колега. како специјален гостин на концертот. Кој друг ако не, еден од најпознатите фолк пејачи во Македонија, Благоја Грујовски.

-Најтешко е ова што сме одделени од публиката, нашата работа и она што значи наш живот. Музиката е наш живот, живееме за музиката и за дружење со публиката. Иако не можеме директно и мораме вака да држиме растојание на километри, добро е барем вака да се гледаме преку ИН Телевизија.-вели Благоја.

Гледачите имаа можност да уживаат во песните : Јано Јанинке, Моја река, Око мое, После мене, Селвие Сенѓузел, Лазарополе, Заедно да сме, Крушево Абер пристигна, Ја излези Ѓурѓо и уште многу други македонски хитови.

Тие им се заблагодарија на сите нивни фанови и целокупната јавност, на сите македонци низ светот кои што ги следеа во голем број на неколкучасовниот концерт.

За преносот во живо се погрижи тимот на 2S Studio. 

Please follow and like us:
Pin Share