Елена Јовческа ги одбра најдобрите : Објави нова песна на која сите заплакаа

Please follow and like us:
Pin Share

Познатата фолк пејачка Елена Јовческа не мирува ниту во карантин. Таа во услови на изолација, успеа да создаде ново музичко дело, а за реализација на нејзината замисла ги повика најдобрите музичари од Македонија.

Елена ја промовираше најновата песна “Грешна љубов”, која што нема да остави никого рамнодушен, бидејќи станува збор за доста емотивна песна која што таа и нејзиниот бенд ја изведуваат со многу емоции кои ги пренесуваат на гледачите. Јовческа за естрадниот магазин Естрада плус истакна дека е среќна што конечно се исполни нејзиниот сон, да ја промовира нејзината најнова песна, напишана со многу љубов.

-Оваа песна за да ја напишеш треба и така да се чувствуваш. Јас мислам дека сите ние на некој начин сме имале ГРЕШНА ЉУБОВ, а во нив спаѓам и јас. Вложив многу труд, трпение и љубов во оваа песна. Им Благодарам од срце на сите мои колеги кои се навистина големи професионалци и својата задача ја завршија одлично. Песната е мое комплетно авторско дело и се надевам дека во неа ќе е пронајдат сите кои ќе ја слушнат.-изјави Јовческа, есклузивно за сателитската ИН ТВ.

Бендот кој што Елена го одбра за реализација на овој проект го сочинуваат :

Илија Филиповски-виолина, Маја Михајловска-чело, Никола Стојановски-гитара, Дарко Аврамовски-тапани, Марјан Ртоски-клавијатура. Придружен вокал е талентираната Марија Митровска, за која што Јовческа вели дека ја следи блескава музичка кариера.

Во продолжение погледнете го видеото и уживајте во нивната изведба !

Please follow and like us:
Pin Share