(ВИДЕО) Христина Илиоска ексклузивно за Естрада плус од Америка

Please follow and like us:
Pin Share

За моменталната состојба со пандемијата од коронавирусот, за тоа каква е ситуацијата и како се справуваат нашите македонци во Америка, денес во рубриката #карантиндома разговараме со младата пејачка Христина Илиоска, битолчанка која што живее во Чикаго.

Христина, ти моментално живееш во Чикаго, каква е ситуацијата со пандемијата од коронавирусот во Америка? -Најпрво здраво на сите , голем поздрав до читателите на Естрада плус . Да , скоро една година живеам во Чикаго , ситуацијата тука навистина не е ни малку позитивна, бројот на заболени секој ден се повеќе и повеќе се зголемува. Но, соодветни мерки се преземаат , се надевам дека нема да трае уште многу долго.

Дали ги почитуваш препораките од стручните лица и што практикуваш како превенција од коронавирусот?

-Секако дека ги почитувам , седам дома , пијам топли чаеви и се хранам здраво.

Како го исполнуваш времето поминато во твојот дом?

-Се трудам да не ми е досадно , секое сабајле вежбам , слушам музика , гледам филмови , играм игри .

Што најпрво би направила откако ќе заврши вонредната состојба и кога ќе се започне со нормално функционирање?

-Едвај чекам да се видам со другари , другарки , пријатели , да испиеме кафе и да си помуабетиме.

Што е тоа што најмногу ти недостига во овој период, со оглед на тоа што живееш далеку од твоите најблиски?

-Најмногу ми недостигаат моите родители ,брат ми и сите мои пријатели таму.

И вашите настапи низ Америка се откажани, а со оваа ситуација музичарите претрпеа голема загуба. Колку тоа влијаеше лично на тебе и дали имаше голем број настапи кои мораше да ги откажеш?

-Да откажани се доста настапи , но тоа не е толку битно кога се изгубени само пари . Најбитно е да се избориме да не го изгубиме здравјето најпрво на самите себе на нашите најмили и на сите луѓе во светот. Парите можат да се заработат , но не и здравјето.

Дали ќе изненадиш со нешто ново во иднина, авторска песна, музички проект и сл?

-Планирам нови песни , спотови , музички проекти , но ќе мора да почекаме сето ова да помине , да си дојдам Македонија и секако да дојдам кај вас , зошто вез вас не можам ништо .

И за крај, што би им препорачала на читателите на Естрада плус за побрзо да им помине времето во карантин? Филм, музика, друштвена игра?.

-За крај сакам да ги поздравам сите , пијте топли напивки , многу вода , хранете се здраво , чувајте го вашето здравје, немојте да се нервирате , слушајте музика , вежбајте и најбитно седете дома.

Христина ги поздрави гледачите на сателитската ИН Телевизија со убава песна. Уживајте во нејзината изведба на големиот хит од Сузана Гавазова “Бум Бум” !

Христина Илиоска ни го отпеа големиот хит од Сузана Гавазова "Бум Бум".Таа од Америка ги поздравува сите гледачи на ИН ТВ…🎶

Gepostet von INTV am Mittwoch, 15. April 2020

Please follow and like us:
Pin Share