(ВИДЕО ) #КарантинДома со Харизма бенд и Сара Камчева

Please follow and like us:
Pin Share

Денес во рубриката #карантиндома разговараме со музичарот Ѓорѓи Манев, член на доста познатите Харизма бенд. Ѓорѓи ни раскажа како тој и останатите членови на Харизма бенд ги поминуваат деновите во изолација, што најмногу им недостасува периодов, но открива и кои се идните планови со бендот.

Каде се наоѓате во моментов и како ги поминувате деновите во изолација?
-Кога не е полициски час, секој си има некоја обврска, кој оди по набавки, кој вози велосипед по планина, кој чува деца, кој оди на работа… но кога е полициски час сите сме по дома, евентуално во дворот пред скарата.
Дали ги почитувате препораките од стручните лица и што практикувате како превенција од коронавирусот?
Строго ги почитуваме препораките, кога излегуваме држиме растојание, дезинфицираме, миеме раце се што треба. Специјална мерка е тиквешка ракија по една наутро и по една навечер (по желба до две, добро еве три).
Со што го исполнувате времето поминато во вашите домови?
-Додека сме дома, учиме нови песни, се пробуваме на нови инструменти, пееме, гледаме концерти, во главно е весело.
Што најмногу ви недостига во овој период?
Секој од нас има некоја работа која му недостига помалку или повеќе, но генерално недостигаат дружбите, патувањата, настапите, слободата…
Што најпрво ќе направите кога ќе заврши вонредната состојба и кога ќе почнеме нормално да функционираме?
-Има еден краток одговор за ова прашање кој гласи: КАФАНАААА!!!
Знаеме дека сите ваши настапи се откажани и музичарите претрпеа голема загуба. Колку тоа влијаеше на Харизма бенд?
-Да, настапите се одложени за други датуми. Но, ќе се избориме и со овој предизвик, всушност тоа ни е во ДНК на бендот.
Дали ќе изненадите со нешто ново во иднина, нов музички проект и сл?
-Како секоја сериозна компанија така и нашиот Бенд има план за работа. Во агендата за оваа година имаме планирано неколку проекти за кои ќе направиме сé за да се реализираат.
И за крај, што би им препорачале на читателите на Естрада плус за побрзо да им помине времето во карантин? Филм, музика, друштвена игра?
Им порачуваме сите да поминат квалитетно време со најблиските, да бидат позитивни, иновативни, да не слушаат нас Харизма Бенд и Сара, по некоја вежба за размрдување и да го посетуваат фрижидерот само во итни случаи.
Во продолжение уживајте во одличната изведба на Харизма бенд и Сара Камчева од #карантиндома !

Please follow and like us:
Pin Share