Павле Кајмакоски пее за македонскиот народ

Please follow and like us:
Pin Share

“Пеам за народот и сакам македонците да имаат што поголем допир со македонската музика.” Ова го истакна фолк пејачот Павле Кајмакоски во интервју за ИН ТВ.

Павле Кајмакоски е македонец кој долги години живее и работи во Виена, Австрија. Тој е голем амбасадор на македонската песна и вели дека сеуште пее за македонскиот народ, со цел, нашинците кои живеат надвор од Македонија да ги чува поблиску до македонската култура и традиција.

-Едноставно пеам за народот, да остане за нив. Македонската музика ја негувам уште од малечок и сум кажам и претходно, би сакал македонците да имаат што повеќе допир со македонската музика.-истакна Кајмакоски за естрадниот магазин Естрада плус.

Тој деновиве во студиото на ИН Продукција промовираше две песни, “Обединети Македонци” и “Македонски Лавови”, но како што открива во интервјуто тој веќе подготвува уште неколку нови песни кои ќе ги претстави до летниот период.

-Се снимат неколку песни, би кажал дека шест до седум песни се припремаат и се чека да ги снимам. Па така во летниот период ќе има доста нови песни од моја страна. Оставаме за крај да одлучиме кои песни како ќе бидат, ќе има различни и нема да бидат секогаш патриотски, за да има за секоја публика.-вели тој.

Павле во интервјуто додава дека македонската песна е доста барана во Виена. Тој вели дека македонците кои живеат таму се стремат кон тоа да го зачуваат сето она што е македонско.

Инаку, тој има и голем број ангажмани и настапи на семејните прослави кај нашите македонци, не само во Австрија, туку и во соседните земји.

Please follow and like us:
Pin Share