Нов проект подготвуваат момците од група Академци. Тие од неодамна имаат и нов член. Станува збор за прекрасниот женски вокал Ивана Серафимовска.

Група Академци важат за доста искусни музичари кои долги години опстојуваат на македонската естрада. Како што дознава екипата на естрадниот магазин Естрада плус, периодов група Академци подготвуваат нов проект.
-Планови секогаш имаме, секогаш има нешто што може да се сработи. Во моментов се работи на нов проект, работиме и на кавери. Имаме нов член, женски вокал, Ивана Серафимовска. Сега се работи, па откако ќе ги сработиме, ќе дојдеме кај вас да ги промовираме.-истакна Влатко во интервјуто за ИН ТВ.

Инаку, пред извесно време во студиото на ИН Продукција Влатко Терзиски претстави неколку одлични музички дела. Станува збор за “Велгошко чалгиско оро”, како и “Мелем оро”.
Како што вели тој овие инструментални дела се една мала најава за неговиот солистички албум кој што ќе излезе во текот на 2020-та година.
-Се надевам дека годинава ќе го завршиме моето долго најавувано цд. Имам и некои нови кои одлучив да ги промовирам во вашето студио. Едно од најновите кое би сакал да го спомнам е Велгошко Чалгиско оро, на кое што автор е Гоце Џуклески и имам уште едно кое е снимено пред два-три месеци, тоа е на Дарко Илиевски мој колега од ТАНЕЦ.-вели тој.
Влатко во интервјуто за ИН ТВ открива дека шест ора се веќе подготвени, а на албумот е планирано да има вкупно 10 инструментални ора.
