За време на велигденските празници Сузана Гавазова заедно со Влатко и Златко Миладиноски заминува на голема турнеја низ Америка и Канада.

Нивните концерти започнуваат од 27-ми март , а турнејата ќе ја завршат на 20-ти април. Тие на оваа туренеја одат по барање и покана на нашите иселеници, кои и ден денес ја негуваат македонската музика.
Освен оваа турнеја, Гавазова ќе има настапи и во Австралија, Холандија, Германија, Швајцарија и низ цела Европа.
Инаку, Сузана изминатиот период промовираше две песни. На самиот почеток на 2020-та година го промовираше спотот за песната “Џунгла”, која што ја сними на македонски и српски јазик. Веднаш по објавувањето на “Џунгла”, таа го промовираше и видеото за песната “Бум Бум”, кој што има скоро два милиони прегледи за два месеци на јутјуб каналот. Спотот за “Бум Бум”се снимаше на повеќе локации во Охрид, во соработка со нејзините долгогодишни соработници од ИН Продукција.
Текстот за оваа песна го напиша Орце Зафировски.
