Легато бенд : Со проектот сакаме да допреме до срцата на македонците ширум светот

Please follow and like us:
Pin Share

Видео проект во студиото на ИН ТВ во Мелбурн снимија момците од Легато Бенд. Тие во интервју за ИН ТВ откриваат дека станува збор за добро одбрани македонски песни, за кои што се надеваат дека ќе бидат добро прифатени од јавноста.

Момците од Легато бенд снимија проект со добро одбрани македонски свадбарски и весели песни, во новото студио на ИН ТВ во Мелбурн. Во интервју за ИН ТВ тие велат дека нивната цел е со овој проект и убавата македонска песна да допрат до срцата на македонците низ целиот свет. Тие се надеваат дека проектот кој е отсвирен и и отпеан во живо, ќе биде добро прифатен  од јавноста. Еве што истакнаа дел од членовите на Легато бенд за камерата на ИН ТВ.

-Пред се, голема е честа да се отвори една ваква Македонска музичка телевизија, надвор од границите на Македонија, ИН ТВ во Австралија. Голема е честа и за нас, како Легато бенд, да дојдеме во вашето студио во Мелбурн. Вечерва снимивме нешто доста интересно, проект отсвирен и отпеан во живо. Сакаме да ја доловиме македонската музика до нашите во Австралија и Македонија.-вели Круме Милески, за естрадниот магазин Естрада плус.

-Ние денес имавме можност да снимиме еден убав проект со одбрани македонски песни за кои се надевам дека ќе им се допаднат на македонската публика.-изјави Марјан Васкоски, вокал на бендот.

-Како што веќе најавија моите колеги, денес снимивме неколку убави песни. Голема Благодарност до екипата на ИН ТВ кои што се потрудија снимањето да биде во одличен ред. Поздрав до сите македонци во Австралија и Македонија, па се надевам дека нашиот проект ќе им се допадне на гледачите.

Инаку, Легато бенд постои долги години на естрадата, а во моментов се состои од шест членови  кои важат за доста искусни музичари. Тие се едни од најбараните македонски бендови на семејните прослави кај нашите македонци низ Австралија, а нивните фанови често можат да уживаат заедно со нив во добро познатиот македонски ресторан “Канео” во Мелбурн.

 

Please follow and like us:
Pin Share