Татијана Стефановска во месец март ќе објави нова песна заедно со спот

Please follow and like us:
Pin Share

Периодов е актуелна со спотот за песната “Избери”, а веќе најавува ново видео. Татијана Стефановска во текот на месец март ќе ја промовира нејзината најнова песна, заедно со спот. Како што вели таа, во новата песна ќе се пронајдат нашинците кои живеат далеку од родната земја.

Познатата фолк пејачка Татијана Стефановска пред само краток период го промовираше нејзиниот најнов спот за песната која што е насловена “Избери”. Но, со оглед на тоа што станува збор за одличен музичар кој што никогаш не мирува во поглед на снимањата, таа најавува уште еден спот кој што веќе е снимен, а во моментов се изработува во студиото на нејзините соработници од ИН Продукција.

-Да, подготвувам нешто ново, но не сакам многу да откриваме. Станува збор за нова песна и нов спот кој што најверојатно ќе го промовираме на почетокот или средината на месец март. Една друга тема, многу различна од оваа што сега ја прикажуваме. Да не откриваме за да имам повторно повод да дојдам. Тоа ќе биде нешто што верувам дека многу убаво ќе го прими народот, а посебно нашинците кои се во странство.-открива накратко Стефановска, во интервју за ИН ТВ.

Татијана е добро позната по бројните настапи кои што ги има низ Македонија, но и надвор од нашите граници. На 7-ми март таа ќе настапи на голема македонска забава во Пиду, Швајцарија, која што е во организација на Македонското друштво “Пијанец”, а по Празникот на жената.

-Сакам да најавам за најскоро време едно гостување во Швајцарија кое што го организира друштвото Пијанец, тоа е во Францускиот дел на Швајцарија во Пиду. Ќе се случи една преубава забава на 7-ми март, а по повод Денот на жената. За првпат ќе настапувам во тоа место, заедно со моите колеги од Струга. Таму со мене ќе настапи и мојот сопруг, ќе патуваме заедно. Тоа ќе биде и приватно задоволство, но и работа. Ги поканувам сите кои што сакаат да бидат дел од таа забава, ќе биде одлично ветуваме одлична забава.-изјави пејачката, за естрадниот магазин Естрада плус.

На македонската вечер во Швајцарија, Татијана ќе биде придружувана од нејзините колеги од група “Бисера”. Забавата која што е закажана за 7-ми март, ќе биде со почеток од 19 часот.

 

Please follow and like us:
Pin Share